Полицијата ја барала со дронови, нема трага од Лидија од скопско Јурумлери

Од:

Цели два дена без позитивен исход се трага по 43-годишната Лидија Трајковска од скопско Јурумлери. Откако биле добиени информации дека очевидци ја забележале како од автобуската каде беше пријавено дека е последно видена, се упатила кон Вардар.

– Ја видела луѓе на автобуската како оди кон Вардар. Дојде и полиција со дронови. Сите наши блиски бараат. Нема ништо, ништо, вели вечерва за А1он нејзината ќерка Мартина.

Вчера, Мартина објави дека од рано утрото е исчезната нејзината мајка, за која вели дека е семејна жена, одговорна, вработена и без здравствени проблеми.

Семејството повторно испраќа апел, сите што имаат некаква информација да се јават на бројот 071345208 или да пријават во полиција.

Би можело да ве интересира

Уште се трага по исчезнатата Лидија од скопско Јурумлери

Катерина Ѓуровски

Исчезна учесничка на Параолимписките игри во Париз, француското обвинителство покренало истрага

Се бара 80-годишната Олгица која е исчезната од викенд куќа во тетовско планинско село Јелошник

Потрага на хрватската полиција, исчезна девојка во Водице

Пронајдена е 14-годишната Клара

Исчезната е млада скопјанка, семејството бара помош

Катерина Ѓуровски