Полицијата истражува за смртта на разузнувачот Грујоски

Од:

Полицијата сеуште истражува дали се работи за убиствo или самоубиство на разузнувачот Јонче Грујоски, вработен во Агенцијата за разузнавање. Не се соопштува дали 41 годишниот Јонче Грујоски бил сам во просторијата или пак имало уште некој кога е испукан куршумот. Единствено од МВР информираат дека е пронајден пиштол, кој е земен за вештачење. Според полицискиот извештај, настанот се случил во 15.15 часот, а Грујоски се здобил со огонстрелна рана во пределот на срцето. Настанот го пријавиле од градската болница каде констатирале смрт кај разузнувачот, а телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина, од каде што се очекува наодот за смртта на Грујоски, од која далечина е пукано во него.

Би можело да ве интересира

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Шест лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Лишен од слобода директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, примил поткуп од 50.000 евра

Предраг Петровиќ

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи