А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Полицијата го приведе сторителот на грабежот во Пошта

by А1он19/06/2014 - 15:43148
Share0

Полицијата денеска до Основното јавно обвинителство Скопје го предаде 31-годишниот А.Љ. со пријава дека вчера сторил разбојништво во Македонска пошта на булеварот „Крсте Мисирков“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што информира МВР, пријавениот, кривичното дело го извршил вчера на бул. “Крсте Мисирков“ околу 07,20 часот во експозитура на АД “Македонски Пошти“ на тој начин што вооружен со пиштол во раката и детска пластична маска „Спајдермен“ на лицето влегол во просторот за странки, насилно ја отворил незаклучената врата за влез во шалтерскиот простор, влегол зад работниот пулт, и со закана со пиштолот од вработените побарал да ја отворат касата по што едната од нив го земала клучот од касата и ја отклучила.

Од касата одзел околу 1.500 денари, а од работните бироа од фиоките пронашол и украл уште 44.534 денари, и со одземените пари, вкупно 46.034 денари го напуштил местото на настанот бегајќи во правец кон Хотел „Арка“. Покрај преноќувалиштето „Виена“ ја фрлил маската и дошол пред хотелот „Хамбург“ лоциран на бул.„Крсте Мисирков“ каде што бил вработен. Откако А.Љ. влегол во хотелот отишол во тоалет и во разводната кутијата од цевките за парно го скрил сивиот дуксер, а во машката гардероба од хотелот го скрил ранецот заедно со пиштолот и ракавицата и откако се преоблекол во одело го напуштил хотелот.

Од страна на полицијата извршен е претрес при што се пронајдени еден спортски ранец „ЈР“, црно-сина боја, еден пластичен пиштол црна боја, една маска „спајдермен“ со отвори за очите и пари.

Следете a1on на Youtube YouTube

Во Полициската станица во Гази Баба извршен е службен разговор со пријавениот во кој тој во целост појаснил кога, каде и како го извршил наведеното кривично дело.

Секторот за внатрешни работи – Скопје презема мерки и активности за расветлување и на други кривични дела извршени од страна на ова лице.

mvr

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он28/08/2026 - 18:23

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

Катерина Ѓуровски24/08/2026 - 09:38

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он23/08/2026 - 13:3923/08/2026 - 13:26

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он21/08/2026 - 16:37

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски21/08/2026 - 11:1621/08/2026 - 11:17

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

Предраг Петровиќ06/08/2026 - 18:11
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео