Полицијата ги чува гласачките ливчиња во Клубот на пратеници

Од:

Во Клубот на пратеници, под силно полициско обезбедување се наоѓаат 3.570 вреќи со избирачки материјал. Синоќа по завршувањето на изборите, па сè до денеска, вреќите со избирачките ливчиња и другиот материјал за гласање од сите гласачки места се носат во Клубот на пратеници, каде што комисија на ДИК прави записници, пренесе МЕТА.

Долж булеварот Теодосиј Гологанов има голем број комбиња, автомобили, но и полициски возила помеѓу нив.

– Во вреќите има доверлив материјал кој треба комисијата на ДИК да го провери. Тие не се отвораат туку се проѕирни и имаат лепенки на кои пишува што содржат внатре. Доколку има приговори, овие доверливи материјали ќе служат како доказ. Избирачкиот материјал ќе биде во Клубот на пратеници си додека ДИК не ги направи сите записници, а потоа ќе се пренесе во нашите магацини. Порано оваа процедура се правеше во големата просторија на ДИК, но сега таа ја користиме како прес-центар и затоа гласачкиот материјал за овие избори се чува во Клуб на пратеници – вели портпаролката на ДИК, Љупка Гугучевска.

Гугучевска додава дека рокот за поднесување приговори до ДИК е 48 часа и истекува утре во 19 часот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште

ДИК: Гласањето во четирите општини се одвива без нарушувања

Горан Наумовски

Конечен извештај на ДИК за локалните избори 2025 – следуваат повторени избори во четири општини

Заклучен е Избирачкиот список за повторените избори во општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа