Полиција и родители синоќа патролираа низ Струга

Од:

Две малолетни лица се затекнати во два угостителски објектa во Струга по 24 часот, при синоќешната акција на полицијата во рамки на проектот „Машани патроли“.

Лицата, како што информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, немале алкохол на масите пред себе. На малолетниците им било укажано дека мора да се придржуваат кон законските прописи за престој до 24 часот.

По други основи биле легитимирани 11 лица. Покрај во угостителските објекти, полициски службеници придружувани од родители и претставници на Центарот за социјална работи, контроли направија и на оворени места, каде младите најчесто се собираат.

– Најмногу млади се затекнати во Паркот на поезијата, но кога ја видоа полицијата веднаш се разотидоа, изјави Димоски.

Проблеми при синоќешната акција немало, а целта за превенција ја оцени како успешна.

– Еден од генералните заклучоци е дека овој проект е успешен, а родителите побараа и во август да се направи уште една ваква акција, но не најавена преку медиумите. Задоволни сме што превентивното делување се оствари на терен, рече Димоски, додавајќи дека акцијата има превентивен карактер со цел да се почитува законската регилатива.

Пред да излезат на терен, родителите заедно со полицијата синоќа во 23 часот одржаа состанок, каде прецизираа кои места ќе ги посетат. Димоски информира дека лани немало вакви мешани патроли, но по други контроли затекнати се девет малолетни лица, по 24 часот, кои немале пред себе алкохол.

Би можело да ве интересира

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

На две фирми од Велешта им е забрането да вршат ископ во близина на изворите за вода за пиење во Шум

А1он

Камионџија од Албанија прегази 75-годишен стружанец

Горан Наумовски

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Водата од струшкиот водовод небезбедна за пиење поради заматеност

Мртва жена е пронајдена во стан во Струга