Полицајци во локали затекнале малолетници како консумираат алкохол

Од:

Денеска (23.10.2022) во периодот од 00.00 до 4 часот од страна на сите сектори за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти на територијата на цела држава.

При контролата приведени се две лица поради агресивно однесување кон полициски службеници кои вршеле службени дејства, констатирани се три кривични дела по член 204 од Кривичниот законик поради точење алкохол на малолетни лица, а шест малолетни лица се затекнати по полноќ часот во угостителски објекти.

За време на акциската контрола, исто така, констатирани се 70 сообраќајни прекршоци, а едно возило кое вршело јавен превоз е исклучено од сообраќај.

Би можело да ве интересира

Пеце Суперхикс: Мојот син e истепан додека сам играл кошарка во Капиштец

Катерина Павлова-Николовска

Млад скопјанец тепал малолетници во кафеана, па нападнал полицајци

Малолетници се истепале во Драчево

Малолетници се тепаа кај Железничка во Скопје

Малолетници претепале дете од Шуто Оризари

Горан Наумовски

Акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на СВР Скопје, три лица приведени, 11 констатирани прекршоци