Полицаец со пиштол и униформа, се коцка во казино

Од:

Полицаец на должност во униформа и со пиштол врти за среќна добивка на слот машина во скопско казино. Оваа фотографија веројатно може да се види само овде и во некоја латиноамаериканска држава. Полицијата влегува во казино само на повик на обезбедувањето доколку има некаков проблем, но никако не е дозоволено да игра и да се коцка во униформа и уште да се појавува со службен пиштол.

Ова е само уште една ситуација за сликата до каде стигна македонската полиција. Пукаат по свадби, тепаат новинари, одат во казина и се коцкааат. Ова се тие припадници на МВР кои власта сака да ги задржи затоа што се лојални и ги следат партиските интереси.

И затоа нема одговорност, туку серија оправдувања во кои никој не верува.

Јавноста не може да верува дека обезбедувањето на партискиот лидер не влегло во ТВ 21 кога убаво се гледа дека влегоа, уште повеќе дека немаат право да одземаат материјал на новинарите.

За таква полиција, логично е да се деградира инспекторот што го истражил нападот врз сопственикот на Доказ, отколку да одговара напаѓачот.

Со години се бараат вандалите од Центар иако цела јавност ги знае и ги гледа на партиските прослави. Затоа експресно се процесуираат и пронаѓаат сите кои протестираат против власта и што избоиле некоја барокна фасада.

И секој што ќе критикува може да биде начекан со шипки пред неговиот дом од “случајни напаѓачи“, и со сигурност никој нема да одговара.

Би можело да ве интересира

Полицаец случајно испукал еден куршум од службениот пиштол и се повредил

МВР уапси двајца лихвари, еден од нив бил полицаец

Горан Наумовски

Актерот Сашко Коцев повредил полицаец и избегал од местото на настанот

МВР: Кривична за полицаец кој фалсификувал службени документи

Притвор за полицаец поради продажба на кокаин

А1он

(ВИДЕО) Скопје доби ново место кое ги поместува границите на возбудливата забава – се отвори „Gold Slot Club“