Полицаец од „Ќафасан“ земал мито, колега го криел – добија кривични пријави

Од:

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран и сериозен криминал и корупција, поднел кривична пријава против К.М. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по член 357 и против Г.Б. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „помагање на сторител по извршување кривично дело“ по член 365 од Кривичниот законик.

Како што соопштија денеска од МВР, првопријавениот К.М., полициски службеник во Полициската станица за граничен премин Ќафасан, на 04.01.2023 од тројца државјани на Република Албанија примил пари за да не изврши службено дејствие. Додека, второпријавениот Г.Б., полициски службеник во истата полициска станица, дејствијата извршени од првопријавениот ги сокрил, односно му помогнал да не биде откриен.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди за двајцата полициски службеници ќе поднесе предлог за поведување постапка за кршење на работниот ред и дисциплина и ќе изрече задолжителна мерка отстранување од работното место до завршување на дисциплинската постапка, се појаснува во соопштението од МВР.

Би можело да ве интересира

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години

Голема полициска акција во Куманово: Апсења и претреси поради изнуда, лихварство и перење пари

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

(ВИДЕО) Полицијата го казни возачот кој со автомобил возеше по велосипедска патека во Скопје

А1он

Тошковски од САД: Најсовремените светски технологии и искуства во функција на поголема безбедност на граѓаните во Македонија

А1он