Полицаец физички нападнат додека вршел контрола

Од:

Полициски службеник од Полициската станица „Струга“ утрово околу 00:30 часот додека вршел редовна работа по пријава од граѓанин за нарушен јавен ред и мир во село Костурино, струмичко, односно додека разговарал со Ж.К.(47) бил физички нападнат од Н.К.(21) и З.К.(19).

По нападот, друг полициски службеник од службениот пиштол испукал предупредувачки истрел во воздух, заради заплашување, а напаѓачите продолжиле да се закануваат.

Потоа Ж.К. и Н.К. со патничко возило „пасат“ се дале во бегство и на влезот на Гевгелија предизвикале сообраќајна незгода удирајќи во две службени возила на МВР.

По преземени мерки лицата се приведени во СВР Струмица и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Втор смртен случај со траги на насилство во Ѓорче Петров

Две кумановки и петмина банкари осомничени за измама со брзи кредити од над 12 милиони денари

Полицијата ловеше пијани возачи – одземени се 58 возачки дозволи

А1он

МВР: Уапсен е 73-годишен паланчанец кој силуваше 75-годишна познаничка

Нова кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов

Катерина Ѓуровски

Кривична пријава против директор и вработени во УХМР за злоупотреба на службената положба