Дојавите за наводно поставени бомби во три скопски училишта кои пристигнале попладнево се лажни информира Министерството за внатрешни работи.
– Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавите добиени попладнево дека на електронски адреси е упатена закана за наводно поставена експлозивна направа во три училишта во Скопје и утврдено е дека станува збор за лажни пријави. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажни пријави се наведува во соопштението од МВР.
Лажни дојави за бомби денеска имаше и во првата смена во 18 училишта во главниот град. МВР и за нив извести дека биле лажни.