Покренати пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка

Од:

Покренати се пет постапки за говор на омраза по тешката сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово.

Како што посочија од полицијата, поднесени се пет пријави за говор на омраза до јавните обвинителства во Скопје, Струмица и Куманово и се работи на откривање на други профили на социјалните мрежи од кои се шири говор на омраза.

Полицијата за денеска најави првични сознанија околу истрагата за автобуската несреќа на автопатот Скопје-Тетово, кај село Ласкарци.

Во страотната сообраќајна несрека животот го загубија 14 лица, а 37 лица се повредени. Од поврдените пет се наоѓаат во критична здравствена состојба, посочија здравствените власти.

Несреќата се случи завчера откако автобус на компанијата „Дурмо Турс“ излета од автопатот и се преврте во близина на стариот пат. Автобусот вчера беше кренат од местото на несреќата и по наредба на јавен обвинител врз него ќе биде извршен детално техничко вештачење.

Според анализата на примероците на крв и урина на возачот кој беше хоспитализиран поради телесни повреди, се покажа дека во моментот на несреќата кај возачот не е регистрирано присуство на алкохол, лекови или психотропни супстанции, а дополнително ќе се утврдува дали во моментот на несреќата возачот користел мобилен телефон.

 

 

Би можело да ве интересира

Петмина повредени во сообраќајка во Струмица

Тројца повредени во сообраќајката во Скопје

Трагедија близу Гостивар, во сообраќајка загина 59-годишен возач

Горан Наумовски

Пијан возач предизвика несреќа кај Вировитица: Повредени пет лица, меѓу нив и дете

Горан Наумовски

(ФОТО) Претекнуваше колона, па прегази деца на мопеди – четворица загинати на самото место

А1он

Автомобил излета од патот Велес-Штип, загина возачот, тешко повредена е сопатничката

Горан Наумовски