Покрената постапка против полицаец кој претепал жител на Крушево

Од:

Поднесена е кривична пријава против полициски службеник поради основано сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“.

Министерството за внатрешни работи вечерва соопшти дека се работи за полициски службеник од Крушево кој на 8 ноември лани при службени дејствија прекумерно употребил физичка сила врз Д.Д. при што му нанел тешка телесна повреда.

– Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР до надлежното Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција- Одделение за истражување и гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања поднесе кривична пријава против А.Б., полициски службеник во ПСОН Крушево при СВР Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршење на службата“ по член 143 од КЗ. А.Б. во својство на полициски службеник на 08.11.2023 при преземање на службени дејства, неовластено и прекумерно употребил физичка сила и извршил физичко насилство врз Д.Д., при што му нанел тешка телесна повреда, се наведува во соопштението.

Како што информираат оттаму Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди има поднесено и предлог за утврдување на дисциплинска одговорност, а изречени се и задолжителни мерки А.Б. да биде отстранет од работното место до завршување на постапката.

Би можело да ве интересира

Сараево: Полицијата претресуваше канцеларија на обвинител кој е под сомнение дека им открива тајни на криминалци

Турските власти издадоа налози за апсење на неколку опозициски функционери

Турските власти уапсија 61 воен офицер во операција против организацијата ФЕТО

Горан Наумовски

Полицијата бркаше пијан возач во Нови Сад, тој го смачка скапиот „мерцедес“

А1он

Нелегалните мигранти пукаа врз полицијата во близина на Шид, еден мигрант е убиен

Горан Наумовски

Клучните сообраќајни правци во Истанбул се затворени поради засилени безбедносни мерки