Показна вежба на СПБГ во касарната Петровец

Од:

Армијата на Република Македонија во рамки на активностите за одбележување на 25 години од своето постоење, и како дел од подготовките за претстојното реоценување на средната баталјонска борбена група (СПБГ), денеска изведе показна вежба на командно место на СПБГ во организација на првата механизирана пешадиска бригада (1.мпбр), соопшти ГШ на АРМ.

Претседателот на Република Македонија и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов во придружба на началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски, ги проследија активностите кои беа изведени во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, како и показната вежба на командно место.

Претседателот Иванов и генералот Величковски, од страна на командантот на 1.мпбр бригаден генерал Мирче Ѓоргоски и самите учесниците се запознаа со начинот на извршувањето на задачите во оперативните центри кои ги изведуваа припадниците на 1.мпбр и воздухопловната бригада како дел од показната вежба, по што ги проследија активностите на командното место на СПБГ стационирано во реонот на Катланово.

Постапките, мерките и процедури кои денеска ги спроведоа припадниците на АРМ во извршување на задачите на командното место од страна на највисоките воени авторитети беа оценети како високо професионални, со истакнување дека прикажаното реално ги отсликува способностите кои гарантираат поволен финален резултат на претстојното реоценување.

Показната вежба е дел од неколкумесечните индивидуални и колективни подготовки за реализација на ресертифицирање на СПБГ согласно концептот на оперативни способности на НАТО, Ниво 2 која ќе се реализира во рамки на вежбата „Македонски блесок 13“ на крајот на месец септември и почетокот на месец октомври.

СПБГ како најголема декларирана единица на Армијата на Република Македонија ќе се оценува на армискиот полигон „Криволак“ преку решавање на повеќе настани и инциденти, дадени согласно листата за настани и инциденти.

Претходното оценување СПБГ го имаше во 2012 година од страна на оценувачкиот тим составен од претставници на 15 НАТО оценувачи и национални претставници на кое доби позитивна висока оценка во сите пет области: планови, операции, логистика, врски и администрација.

Денешната активност покрај претседателот Иванов и генералот Величковски беше проследена и од командантот на Здружената оперативна команда, бригаден генерал Зоран Милески и останатите генерали и команданти на армиските единици, соопшти ГШ на АРМ.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Условот од два отсто од Буџетот за одбрана е исполнет, 32 отсто одат на модернизација

Независниот синдикат на професионални војници поднесе кривична пријава против Славјанка Петровска

Катерина Ѓуровски

Уставниот суд ја укина забраната за вршење верски обреди во објектите на македонската армија

А1он

Сиљановска – Давкова: Најсилната страна на Армијата е човечкиот капитал

Раскинат е договорот со фирмата што ја снабдуваше АРМ со храна, по труењето на 60 војници

Мисијата на ОН во Либан во која има и македонски офицери го одби барањето на Израел да напушти дел од позициите

Катерина Ѓуровски