Покачувањето на платата во следните неколку месеци Муцунски ќе ја донира како поддршка за лекувањето на младиот Леонид

Од:

Разликата од покачувањето на платата кое неодамна го добија избраните и именувани функционери, градоначалникот Тимчо Муцунски во следните неколку месеци ќе го донира како поддршка за лекување на младиот Леонид кој пред неколку недели доживеа несреќа во соседна Грција.

Станува збор за младо момче, успешен и амбициозен средношколец од општина Аеродром кој во изминатиот период со финансиска поддршка од Општина Аеродром учествуваше и неговиот тим го освои првото место на меѓународниот натпревар „NASA Space Apps Challenge“.

Освен, финансиската поддршка од Градоначалникот Муцунски, Општина Аеродром во следниот период ќе организира хуманитарен настан каде собраните средства ќе бидат донирани токму во оваа намена.

Муцунски пред неколку месеци најави дека со разликата во платата ќе дава поддршка во различни хуманитарни настани и ќе поддржува лица со социјален ризик. Согласно, оваа најава тој во изминатиот период, во неколку наврати даде поддршка за десетина хуманитарни иницијативи и настани.

Би можело да ве интересира

Муцунски е разочаран од Бугарија поради односот кон Менкиновски

Сите Македонци кои побарале, треба да бидат евакуирани од Блискот Исток оваа недела

Катерина Ѓуровски

Евакуација на македонски државјани и утре од Емирати, се очекува и чартер со наши граѓани од Бахреин, Катар и Кувајт

Муцунски ги пречека патниците од Дубаи: Најбитна е безбедноста на граѓаните!

А1он

Евакуирани се македонски државјани од Израел – попладнево полетаа од Шарм ел-Шеик кон Скопје

А1он

Муцунски: Мораме да најдеме решение за предизвикот со Бугарија

А1он