„Појдок на мост“ на 22. септември на Камениот и на мостот Око

Од:

Четвртата манифестација „Појадок на мост“ ќе се одржи на 22. септември, првпат на два моста – Камениот и Око, изјави денеска на прес-конференција градоначалникот на Скопје Коце Трајаниовски.

– Граѓаните на Скопје кои што сакаат да учествуваат на појадокот, треба да имаат билет кој ќе можат да го подигната од пункт пред ресторанот „Пелистер“ од 13 до 19 септември. Билетот ќе биде бесплатен, рече Трајановски.

Pojadok na most1

Посочи дека на двата моста ќе бидат поставени маси и столици, а манифестацијата ќе ја помогнат голем број донатори – ресторани, пекари, маркети, производители и увозници на храна и пијалоци. Присутните ќе бидат забавувани од уличните музичари, а во организацијата на манифестацијата ќе помогнат учениците од средното угостителско училиште „Лазар Таневски“.

Директорот на училиштето појанси дека појадокот ќе се состои од сувомеснати и млечни производи, пецива и сето тоа ќе биде спакувано по ХАЦЦП стандардите. Оброкот ќе биде безбеден и прилагоден за условите каде што ќе се послужува.

Годинашниот „Појадок на мост“ ќе биде од 9 до 11 часот, а ќе  може да присуствуваат 2.500 луѓе.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош