На 19.12.2014 година стартува времениот сообраќаен режим на забрана за движење на товарни моторни возила,чија најголема дозволена маса надминува 15 тони, на подрачјето на Град Скопје. Забраната е од времен карактер и ќе се спроведува од 19.12.2014 година до 31.03.2015 година, во текот на денот и тоа од 08 часот до 20 часот.
Се молат сите учесници кои управуват тешки товарни возила да се придржуват на поставената сообраќајна сигнализација.
Сообраќајот на сите останати државни патишта во Македонија се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Поради ниските утрински температури, на некои осојничави места можна е појава на голомразица.
Поради појава на магла, видливоста на патниот правец Градско-Неготино е намалена на 20-30 метри, а на Неготино-Демир Капија на 100-200 метри.