ВИДЕО: Појадокот без инциденти, со полни торби кон дома

Од:

Во редици уште пред девет часот граѓаните со билет во рака, чекаа да седнат на една од масите на Камениот мост, за групниот појадок.

За разлика од пред две години, кога имше турканици, оваа година редари и полиција беа причината што појадокот помина без инциденти.

Иако се најавуваа две илјади луѓе, сепак половина од Камениот мост и масите поставени на другиот дел од мостот, останаа празни.

Единствено што остана исто и оваа година е масовното полнење на торбите со храна, што граѓаните ги носеа по појадокот. Се земаа сите производи кои останаа. Имаше трчаници да се земе јајце варено, зденка, сирење и кекс колачиња.

Градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски, кажа дека појадокот на мост е идеја која има за цел да ги спојува различните култури во државата со симболиката на јадењето на иста маса.

Тој додаде дека, од следната година, кога ќе се завршат, појадокот ќе се дава и на другите мостови во центарот на Скопје.

Би можело да ве интересира

Автопатот Скопје-Блаце носи нов импулс за развој, вели Николоски

(ВИДЕО) Вирусот на западнонилска треска се шири: 43 случаи, првпат потврден и кај мртов гавран во Скопје

Горан Наумовски

Мртов маж е пронајден во двор во Скопје

Горан Наумовски

25-годишен скопјанец силувал 14-годишно девојче

Повикани 13 лица во полиција поради ширење лажни информации за водата во Скопје

Мртва 45-годишна жена е пронајдена во стан во Карпош