Поголем дел од Скопје без вода

Од:

Поголем дел од Скопје денеска е без вода поради најавениот сложен оперативен план за санација на главниот цевковод. Надлежните уверуваат дека санацијата ќе заврши за најмногу 15 часа, а Институтот за јавно здравје излезе со препораки до граѓаните. Поради најавената санација, изминатите денови беше забележана зголемена продажба на вода по маркетите.

Според информациите од „Водовод и канализација“ без вода ќе бидат најголем дел од населбите низ градот. Вода ќе има само во Чаир, Бутел, Радишани, Пластичарска до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско поле, Новоселски пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански двор, Волково и Орман.

За санирање на дефектот треба да биде запрена водата од главниот градски цевковод Ф-1600, а покрај оваа локација, ќе бидат санирани уште три дефекти на затварачи по должината на главниот цевковод.

Од „Водовод и канализација“ вчера информираа дека е изготвен оперативен план со кој се предвидува прецизна постапка со цел брзо и ефикасно завршување на ваквиот потфат.

– Главна цел на овој Оперативен план е подобрување на водоснабдувањето и притисокот во Општина Ѓорче Петров и Карпош, со репарација на 6 сегменти каде во изминати децении се нотирани огромни загуби вода. Со затварање на Главниот Градски цевковод Ф1600мм поради санација на 5 затварачи по должина на оваа линија на потегот од кружниот тек во Ѓорче Петров до крстосницата на булевар „Партизански одреди“ со ул. „Никола Парапунов“ ќе се изврши: Замена на нефункционален затварач Ф 400мм на кружен тек во Ѓорче Петров, Репарација на затварач Ф600мм на мост „Обединети нации“ кој тече, Заптивање на затварач Ф700мм на булевар „Партизански одреди“ кој протекува и замена на затварач Ф150 кој се наоѓа во истата шахта, Санација на затварач Ф700мм и Ф500мм на ул. „Никола Парапунов“ и Замена на 4 водушни вентили“, информираа од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје.

Од Институтот за јавно здравје издадоа препораки за граѓаните. Се препорачува складирање на вода најмалку четири литри вода по лице на ден, да се користат средства за дезинфекција на раце ако нема достапна вода, да се готват оброци кои не бараат многу вода за подготовка и миење…

Би можело да ве интересира

Арсовска: Ќе сум ја дестабилизирала државата – не се глупирајте, ви ги знаеме лагите

А1он

ВМРО-ДПМНЕ ги објави кандидатите за градоначалници во 25 општини, за Град Скопје се бара најдобриот кандидат

Горан Наумовски

Хаварија со хемикалии во Пинтија – парична казна за компанијата од 45.000 евра

А1он

Град Скопје: Одржување на каналите и коритото на реката Маркова Река е во надлежност на општина Студеничани и МЖСП

Перински: Идниот градоначалник на Скопје ќе биде од ВМРО ДПМНЕ

Јанчева: Додека скопјани се гушат, ДПМНЕ ги намали парите за чист воздух во Буџетот на Скопје за 10 пати