Подобрена ситуацијата со пожарите на грчкиот остров Евија, на Пелопонез сè уште гори

Од:

Рано утрово, подобрена е ситуацијата со пожарите во северниот дел на островот Евија, додека пак ново разгорување има на Пелопонез во близина на античка Олимпија.

На Евија, по девет дена битка со огнените јазици, денеска има многу помали разгорувања на веќе постоечките жаришта, намален е и чадот, што ќе им ја олесни работата на авионите и хеликоптерите.

Според противпожарната служба на Грција, на островот интервенираат 892 пожарникари со 50 пешадиски тима и 232 возила, а помагаат и пожарникарите од Кипар, Србија, Украина, Романија, Словачка, Молдавија и Полска.

За интервенција од воздух, подготвени се пет авиони и 12 хеликоптери.

Голем е бројот на противпожарните сили што учествуваат и во гаснењето на пожарот во западниот дел на Пелопонез каде што битката со огнената стихија траеше во текот на ноќта, продолжува и денеска, а превентивно беа евакуирани околу 20 села.

Во античка Олимпија и Гуртина на Пелопонез, интервенираат 578 пожарникари, на грчките им помагаат нивни колеги пожарникари од Велика Британија, Германија и Франција, а на располагање заедно со седум хеликоптери и шест авиони е и рускиот авион Бериев-200 за гаснење од воздух.

Синоќа, на атинскиот аеродром пристигна првиот руски авион Ил-76, што Москва го испраќа по барањето на Атина за помош и ќе се вклучи во гаснењето на пожарите, а од амбасадата на Русија во Грција, на социјалните мрежи објавија видео од пристигнувањето.

Би можело да ве интересира

Гркинка остана без 40.000 евра и 100 златни монети – „ја прескокна“ првата, но „падна“ на втората измама

А1он

Грција и ги предава посмртните останки на цар Самуил на Бугарија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) На автопат во Грција вози со 310 км/ч, „лудувањето“ го објави на ТикТок

А1он

(ВИДЕО) Од пожар во кафуле изгоре трикатница во Грција

А1он

WSJ: Лобист на „Актор“ ја придружувал амбасадорката на САД на состаноци низ Балканот, Гилфојл ја промовирала компанијата

ВИДЕО: Експлозија во центарот на Атина, се урна дел од зграда