Поднесено обвинение против возачот кој ја прегази Фросина Цековска

Од:

Основното јавно обвинителство – Скопје, поднесе обвинителен акт против едно лице, Љ.В. роден 1989 година, како сторител на сообраќајната несреќа која се случи на 3.04.2015 година на бул.„Партизански Одреди“ во близина на крстосницата со ул.„Костурски Херои“ во Скопје, во која животот го загуби Фросина Цековска од Крива Паланка. Осомничениот од страна на обвинителството се товари дека сторил две кривични дела и тоа: кривично дело – Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот од член 300 вв со член 297 ст.1 и кривично дело – Неукажување помош на лице повредено во сообраќајна незгода од член 301 од Кривичниот законик.

Обвинителниот акт е поднесен врз основа на добиените резултати од истражната постапка која беше спроведена по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје. Во текот на истрагата врз основа на пронајдените материјални траги – остатоци од ДНА профили се утврди идентитетот на сторителот на оваа сообраќајна незгода, кој критичниот ден го управувал патничкото моторно возило „Хонда Прелуде“ СК 3611-АГ по бул. „Партизански Одреди“ во близина на Универзална сала, каде се случила предметната сообраќајна незгода. Трагите се поклопуваат со ДНА профилот од лицето кое во полициската станица, се пријавило како сторител на овој кривично правен настан.

Во текот на истрагата врз основа на Вештиот наод и мислење изработено од стручна институција – Биро за судски вештачења се утврдија пропустите во однесувањето на осомничениот во сообраќајот кои придонеле за случување на сообраќајната несреќа. Односно, утврдено е пречекорување на брзината со кое е управувано возилото, како и непосветување на должно внимание од страна на осомничениот при приближување кон крстосница со означен пешачки премин.

Од страна на Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија беа изработени две вештачења од кои се утврдија причинско – последичната врска помеѓу критичниот настан и смртта на жртвата Фросина Цековска од Крива Паланка, како и присуство на 1,23 промили на алкохол во крвта кај осомничениот во моментот на случување на сообраќајната несреќа. Исто така во текот на истрагата беа испитани и сведоци – очевидци на настанот кои се произнесоа по однос на релевантни околности од критичниот ден од местото на настанот, а во својство на сведок – оштетен беше испитан законскиот застапник – таткото на сега починатата Фросина Цековска.​

Би можело да ве интересира

Кривична пријава за дваја полицајци, истепале приведен

Шпионска афера во кабинетот на претседателката: Обвинителството со месеци чека клучни докази од МВР

МВР: Има зачестена појава на измамнички пораки за наплата на сообраќајни прекршоци

А1он

Србин уапсен во Скопје: Осомничен за подготовка на платено убиство

Катерина Ѓуровски

Поднесена кривична пријава против припадникот на обезбедувањето на Мицкоски кој ја истепа сопругата

Катерина Ѓуровски

Поднесени кривични пријави за родителите на малолетничките кои тепаа и малтретираа 13-годишно девојче