Поднесено обвинение за поранешен градоначалник на Неготино

Од:

Обвинителството од Кавадарци до Судот во Неготино поднесе обвинение за поранешен градоначалник на Неготино за злоупотреба на службената положба.

-Надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци денеска до Основниот суд Неготино поднесе обвинителен предлог против обвинетиот, со кој го товари за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, соопшти утрово Јавното обвинителство на РМ.

Обвинителството утврдило дека обвинетиот во временскиот период од 2014 до 2017 година, во повеќе наврати, како службено лице – градоначалник на Општина Неготино ги пречекорил границите на службените овластувања со намера за вработени во општината, четворица државни службеници да прибави поголема имотна корист во вкупен износ од 694.583 денари.

Како што е наведено во соопштението, обвинетиот постапил спротивно на одредбите од Законот за работни односи, Законот за државни службеници, Законот за административни службеници и Колективниот договор за државните, правосудните и органите на локалната самоуправа на Република Македонија каде е предвидено дека прекувремената работа може да трае најмногу осум часа во текот на една недела и најмногу 190 часа годишно, при што додатокот за плата за прекувремена работа да биде во износ од 35 отсто од износот на основната плата пресметана по час.

Обвинетиот го извршил кривичното дело и нанел штета на Буџетот на Општината, со тоа што потпишал на вработените во општината да им биде исплатено повеќе од 190 часа годишно прекувремена работа и тоа по 40 отсто за час, без да постои поединечно решение и извештај за прекувремената работа, ниту уредно архивско заверување, велат од Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама