А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесено обвинение за неовластено држење амфетамини

by А1он18/07/2019 - 10:46255
Share0

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик.

Следете a1on на Instagram Instagram

Како што соопштува Основното јавно обвинителство, кај обвинетиот, полицијата на 3-ти јули, при вршење контрола и личен претрес во возило „Рено Меган“ во кое биле повеќе лица, пронашла една полиетиленска паковка со супстанца амфетамин во вкупна нето маса од 41,59 грама. Откако возилото било запрено, осомничениот кој седел позади совозачкото место и се превезувал како сопатник, се обидел да ја истури супстанцата но во тоа не успеал. При преземање на натамошни истражни дејствија, извршен е претрес во станот во Скопје во кој привремено престојувал осомничениот, 20-годишен жител на Пробиштип. При тоа, пронајдени се 39 таблети метилен -диоксиметамфетамин, дигитална вага со остатоци од наркотична дрога – марихуана и прашкаста материја која претставува психотропна супстанца – амфетамин. Со тоа обвинетиот го сторил кривичното дело кое му се става на товар.

Со поднесување на обвинението, јавниот обвинител до надлежниот Основен кривичен суд – Скопје доставил и предлог за продолжување на определената мерката притвор за обвинетиот бидејќи ценел дека постои оправдан страв од бегство на обвинетото лице и дека лицето ќе го повтори кривичното дело.

droga

Би можело да ве интересира

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Предраг Петровиќ07/11/2026 - 13:19

Рекордна заплена на кокаин во Виена, уапсени се Србин и Хрват

Горан Наумовски03/11/2026 - 08:56

Марихуана, кокаин и прашкасти материи се пронајдени на повеќе локации, приведени се пет лица

Горан Наумовски01/11/2026 - 12:01

Уапсени се 13 лица во неколку градови во Македонија – пронајдени кокаин, марихуана и таблети

А1он31/10/2026 - 13:47

Во близина на „Ќафасан“ уапсен е голем дилер на дрога од Гостивар

Горан Наумовски22/10/2026 - 16:52

МВР: Извршени се 47 претреси, уапсени се 16 лица, запленета е дрога, оружје и муниција

Горан Наумовски18/10/2026 - 14:3018/10/2026 - 14:30
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео