Поднесено обвинение против 10 лица од акцијата „Чекан“

Од:

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинителен акт против десет лица, обвинети во акцијата „Чекан“.

– Надлежен јавен обвинител денеска до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе обвинение против десет лица за сторени кривични дела „злосторничко здружување“, продолжено кривично дело „изнуда“, кривично дело „перење пари“ и „лихварство“ од Кривичниот законик. Во исто време, јавниот обвинител предложи продолжување на мерката притвор за деветмина од обвинетите, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.

Криминалната група во која биле и обвинетите, како што е посочено во соопштението, започнала да дејствува во континуитет од 2008 година, претежно на територијата на општина Гостивар. Главниот мотив бил стекнување на противправна имотна корист со извршување на повеќе кривични дела. Обвинетите неовластено подолго време се занимавале со давање пари на заем на други лица со договор. Притоа, искористувајќи ја тешката состојба на лицата тие договарале за себе несразмерна имотна корист. За враќање на заемот вршеле притисок, користејќи сериозни закани и физички напади врз оштетените.

Би можело да ве интересира

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама

Обвинителството бара притвор за двајца мажи кои силуваa и уценуваa девојче од липковскиот крај