Поднесено известување до ОЈО против трите ученички од Неготино поради насилство

Од:

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Неготино поднесе известување до Основното јавно обвинителство против три малолетни лица на возраст од 13, 14 и 15 години, ученички во Основно училиште „Гоце Делчев” во Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по член 386 став 2 од Кривичниот законик на Република Македонија.

МВР информира дека малолетничките кривичното дело го сториле во два наврати на 11.04.2018 година при што физички нападнале 14-годишна ученичка од истото училиште и и нанеле телесни повреди.

Во врска со истиот настан поднесена е и кривична пријава против Р.А.(31) од Неготино поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, казниво по член 353 в став 1 од Кривичниот законик на Република Македонија. Имено пријавениот на 11.04.2018 година, на работното место обезбедување на училиштето од агенција за обезбедување „SOS“, не ги извршувал дејствијата за кои бил должен да ги извршува.

Би можело да ве интересира

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко

Обвинителство: Маж од Неготино бараше припадниците на ромската националност да им се забрани да гласаат на избори

Горан Наумовски

Рекетар му се закануваше на градоначалникот на Неготино и на неговото семејство, насилникот бараше 3.000 евра

Горан Наумовски

После четири години истрага, поднесено е обвинение за несреќа каде загина работник во сепарација на Вардар

Горан Наумовски