Поднесени 16 кривични пријави за фалсификување документи

Од:

Царинската управа, на 27.12.2012 година, поднесе 16 кривични пријави, до Основните јавни обвинителства во Штип, Гевгелија, Делчево и Скопје, против 3 правни лица и 16 физички лица, заради сомневање за сторено кривично дело фалсификување исправа.

Во сите случаи, осомничените при увозно царинење поднеле лажни докази за потекло на стоката, со цел да им биде одобрен преференцијален третман, односно увозно царинење со царинска стапка нула или намалена царинска стапка.

Петнаесет кривични пријави се поднесени против 2 правни лица и 15 физички лица, кои, при увоз на патнички возила и делови за трактори, приложиле лажни докази за потекло, со намера истите увозно да бидат оцаринети со царинска стапка нула, од кои:

– Тринаесет кривични пријави поднесени против 13 физички лица, македонски државјани, кои во текот на 2010, 2011 и 2012 година, за свои потреби, увозно оцариниле по едно употребувано патничко моторно возило (9 возила во Скопје и по две во Штип и Гевгелија) при што приложиле фактури со изјава за потекло, потпишана од странските продавачи.

– Една кривична пријава поднесена против едно правно лице од Штип и неговото одговорно лице, македонски државјанин, кои во текот на 2010 година, со четири царински декларации, увозно оцариниле четири употребувани патнички моторни возила, при што приложиле фактури со изјави за потекло потпишани од странските продавачи од Германија.

– Една кривична пријава поднесена против едно правно лице од Битола и неговото одговорно лице, македонски државјанин, кои при увоз на делови за трактори со потекло од Турција, приложиле уверение за европско потекло ЕУР. 1,  заверено од царинските органи на Турција.

Една кривична пријава, пак, е поднесена против едно правно лице од Делчево и неговото одговорно лице, македонски државјанин, кои ,при увозно царинење, приложиле лажни докази за потекло со намера увезената стока да биде оцаринета со намалена царинска стапка.

Во текот на 2010 година, осомничените со една царинска декларација увозно оцариниле разни производи со потекло од Бугарија, при што приложиле фактура со изјава за потекло, потпишана од странскиот продавач.

Поради сомневање во автентичноста на изјавите за потекло во приложените фактури како и веродостојноста на приложеното уверение за потекло ЕУР.1, Царинската управа на Република Македонија ги испрати истите на проверка кај царинските администрации на земјите од каде била испратена стоката. Според добиените одговори, во 17 случаи фактурите не биле издадени од наведените продавачи во истите, во 1 случај приложената фактура не била идентична со оригиналната, во која немало изјава потпишана од продавачот,  додека пак уверението за потекло ЕУР.1, не било веродостојно, односно не било одобрено од царинската администрација на Турција.

Во сите случаи Царинската управа утврди дека стоката увезена од пријавените не ги исполнува условите за преференцијален царински третман. Врз основа на новоутврдената состојба извршена е дополнителна пресметка на избегнатите царинските давачки, а пријавените се задолжени истите да ги доплатат.

Би можело да ве интересира

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“

Претрес во тетовско, пронајден кокаин, лишено од слобода едно лице

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи