Поднесена кривична пријава против цементарница „Титан Усје“

Од:

Денес градот Скопје ја поднесе најавената кривична пријава против цементарницата „Титан Усје“ во која одговорност освен од правното, се бара и од одговорното лице – Борис Хрисафов, кој како надлежен за спроведување на обврските кои произлегуваат од А интегрираната дозвола која ја издава Министерството за животна средина и просторно планирање, не се придржувал кон истите обврски за максимално дозволените граници на испуштање на штетни гасови во амбиенталниот воздух, известуваат од Град Скопје.

„Имено, цементарницата „Титан Усје“ испуштала значително поголема концентрација на ПМ10 честици од котлите за загревање кои работеле на мазут, наместо на природен гас, при мерењата извршени на 3 и 4 јануари. Односно, наместо дозволениот максимум од 50 микрограми/м3, од оџакот се испуштале 121 микрограми/м3 секој час.

Исто така, забележано е зголемување на испустот на азотни оксиди за најмалку два пати, односно наместо дозволените 350 мг/м3, се испуштале 711 мг/м3 секој час.

Производниот процес на цементарницата „Титан Усје“ е непрекинат и се одвива секој час од секој ден во текот на годината“, велат од Град Скопје.

„Поради овие дејствија, против цементарница „Титан Усје“ и одговорното лице Борис Хрисафов, на иницијатива на градоначалничката на градот Скопје Данела Арсовска, денес се поднесе кривична пријава согласно членот 234 од Кривичниот законик „Тешки дела против животната средина и природа“ во врска со член 218 од истиот закон насловен како „Загадување на животната средина и природа“. За овие дела е предвидена затворска казна.

Апелираме до Основното Јавно Обвинителство во Скопје, темелно да ги истражи наводите и да постапи по истата соодветно. Граѓаните на градот Скопје недозволиво е да бидат жртви на профитите на неколкумина кои со децении не трујат, и кои не смеат да бидат амнестирани од одговорноста за загадувањето на животната средина од кое илјадници граѓани страдаат од бројни заболувања“, се наведува во соопштението на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Фирма затекната при вршење нелегални активности, правење дива депонија со градежен и опасен отпад

Ќе креираат хаос, ќе го дестабилизираат Скопје за да дефокусираат, тврди Данела Арсовска

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Во време кога нема автобуски превоз, Скопје се дави во ѓубре и се занимава со циркусот Данела, што сработи синот на Блерим Беџети за 12 илјади евра интелектуални услуги?

СДСМ: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ повлекоа сопствена точка, само за да ја спасат урбаната мафија

Јовановска: ДПМНЕ избега од расправа за дивоградбите – Левица поддржува расправа за дивоградбите во сите општини

Предраг Петровиќ

Стефковски: Потврдувам дека моето име е дел од имињата за градоначалник на Скопје