Поднесен обвинителен акт за нанесување тешка телесна повреда

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот суд Скопје 1 Скопје поднесе Обвинителен акт против едно лице за сторено кривично дело – Тешка телесна повреда од член 131 став 3 од Кривичниот законик.

„Обвинетиот се товари дека на 16.12.2018 година, по претходна вербална расправија, со умисла тешко телесно го повредил и го довел во опасност животот на едно оштетено лице. Имено, на критичниот ден, оштетениот побарал од обвинетиот да му ги врати парите кои сметал дека му ги украл додека просел од него и од неговите другари. На ова, обвинетиот му одговорил дека не му украл пари, од џебот извадил остар предмет и му нанел неколку повреди на телото изразени во вид на убодни рани и посекотини, по што со трчање го напуштил местото на настанот. Кај оштетениот била предизвикана шокова состојба од крварење, со што неговиот живот бил доведен во опасност.

Ценејќи дека и натаму се исполнети законските основи заради кои на обвинетиот му беше определена мерка притвор од судијата на претходна постапка, надлежниот јавен обвинител до судот достави и предлог за продолжување на притворот“, соопштуваат од Основното јавно обвинителство Скопје.

Би можело да ве интересира

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ

Полицијата врши претреси на повеќе адреси поради сомнежи за даночна измама