Поднесен обвинителен акт против лице кај кое се пронајдени психотропни супстанции и марихуана

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен акт против 20-годишник за кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори, кој се товари дека делото го сторил во состојба на битно намалена пресметливост заради хронично психичко пореметување предизвикано од зависност од марихуана и стимуланси.

– Во ваква состојба на битно намалена способност да го сфати значењето на своето дело или способноста да управува со своите постапки, обвинетиот на 18 септември кај себе држел наркотична дрога и психотропни супстанции: 89 таблети со светло зелена боја и неправилна форма, како и прашкаста материја со тежина од 0,31 грам со активна компонента – 3,4 метилен-диоксиметамфетамин (MDMA). Освен ова, при личен претрес кај него, биле пронајдени и 1,96 грама марихуана. Дополнително, при претрес на домот на обвинетиот биле пронајдени две полиетиленски пакувања со психотропна супстанца – амфетамин со вкупна тежина од 12,71 грама, соопштија од Обвинителството.

Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот, со цел да се обезбеди неговото присуство во текот на кривичната постапка. Освен ова,со оглед на состојбата на обвинетиот, јавниот обвинител на Судот му предложи со изрекување на казната да изрече и мерка на безбедност – задолжително лекување од зависности.

Би можело да ве интересира

Полиција упадна во стан на дилери, тие дрогата ја фрлија низ прозорец

А1он

Во Солун сузбиена меѓународна криминална група, уапсени македонски и косовски државјанин

Предраг Петровиќ

Откриена е криминална група за трговија со дрога, запленети околу 300 килограми марихуана

Запленети се 21 тон дрога со висок квалитет

Инцидент на „Блаце“: Косовски државјанин оттурна цариник, фрлаше oружје за да се спаси

Горан Наумовски

Полицијата во Сараево заплени дрога и оружје – осомничениот побегна

А1он