А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Поднесен обвинителен акт против гинекологот кој лажел пациентка дека е бремена

by А1он31/08/2017 - 12:4031/08/2017 - 13:19321
Share0

Скопското Јавно обвинителство поднесе обвинителен акт против гинекологот, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година, презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка.

Добивај вести на вибер

– Основното јавно обвинителство – Скопје поднесе Обвинителен акт против лицето Н.Д., по професија доктор специјалист по гинекологија и акушерство, кој во периодот од месец септември 2015 до април 2016 година презентирал состојба на лажна симулирана бременост на пациентка врз која претходно спровел биолошки потпомогнато оплодување, се наведува во денешното соопштение од Обвинителството.

Обвинетиот, како што велат од Обвинителството, се товари дека сторил кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од член 217 ст.1 вв со чл.207 ст.1 од КЗ и кривично дело – Фалсификување на исправа од член 378 ст.3 вв со ст.1 вв со чл.45 од КЗ.

Лекарот, како што стои во соопштението, иако знаел дека оштетената не е бремена, врз неа вршел редовни контролни гинеколошки прегледи со ехо апарат, презентирал лажни ехо снимки на кои се гледа плод, презентирал лажна срцева акција на плодот, мерел должина и тежина на плодот, го утврдил полот на плодот, вербално на секој преглед детално ја објаснувал секоја наводна снимка од плодот, правел и скрининзи со писмени извештаи во кои е наведено дека на ехото се гледа плод во различна гестациска недела, а потоа договорил и термин за пораѓање. Непосредно пред денот за кога било договорено наводното пораѓање на пациентката осомничениот најпрвин на сопругот на оштетената, а потоа и на оштетената ја открил вистината за лажната бременост.

ginekologijaobvinitelstvo

Би можело да ве интересира

Со тупаници ја тепаше бремената партнерка, па почна да ја дави

А1он14/02/2026 - 13:53

Скандал со загадената вода во Струга – Обвинителството покрена истрага

Горан Наумовски13/02/2026 - 10:33

Судската битка продолжува: Одбраната со жалба за „Геријатрија“, Обвинителството тврди дека доказите се цврсти

Горан Наумовски21/01/2026 - 16:16

Скриените 350.000 евра кај судијата Ристов се пронајдени без претходни ПИ-мерки

Горан Наумовски21/01/2026 - 15:37

Обвинителството бара куќен притвор за судијата од скопска Апелација кај кого беа пронајдени 350.000 евра

Горан Наумовски20/01/2026 - 14:0120/01/2026 - 14:05

Пронајдени соѕидани 350.000 евра во дом на судија од Апелациониот суд во Скопје

Предраг Петровиќ18/01/2026 - 18:5418/01/2026 - 20:37
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен