Подметнат пожар во куќа во неготинско Пепелиште, нема повредени

Од:

Подметнат бил пожар во куќа во неготинско Пепелиште, нема повредени, оваа информација за МИА ја потврдија од Министерството за внатрешни работи.

– Пожарникар го пријавил во полиција, синоќа случајот со подметнат пожар од страна на едно лице. Никој не живеел во куќата во која бил подметнат пожарот, рекоа од полицијата.

Бил извршен увид и се работи на расчистување на случајот.

Неофицијално, во селото се шпекулира дека пожарот наводно бил подметнат од лице кое во минатото било обвинето за убиство.

Наводно, во куќата била барана ракија, па откако не била најдена, бил предизвикан пожар. Сопствениците на куќата во моментов живееле на друго место, а во неа имало услови за живеење.

На лице место интервенирала и Територијалната противпожарна единица од Неготино, за МИА потврди командирот Иле Илиев.

Би можело да ве интересира

ЦУК: Десет пожари на отворен простор, активни се шест

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

ЦУК: Пет активни пожари, два се под контрола

Горан Наумовски

Пожар во атарот на кумановското село Никуштак

Осум пожари се активни во земјава, 13 се изгаснати

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу