Подигнато обвиние за убиство на струмичанец чие тело беше пронајдено во браната „Турија“ кај Струмица

Од:

Основното јавно обвинителство во Струмица подигна обвиние за извршено убиство против педесет и четиригодишниот М.В. од село Добрејци. Него обвинителството го товари дека на 7 мај годинава на свиреп и подмолен начин го лишил од живот Ристо Иљашев, а потоа се обидел да го прикрие убиството со тоа што неговото тело го затворил во буре и го фрлил во водите на акумулацијата „Турија“.

Според портпаролката на Основниот суд во Струмица, судијката Цона Каламерникова, обвинението од ОЈО Струмица е примено во судот и се работи на оценка на обвинителниот акт.

-Обвиненито е примено во судот пред една недела и откако ќе стане правосилно, односно оценката биде позитивна, ќе се закаже главна расправа, информираше судијката Каламерникова.

Од ОЈО Струмица потврдуваат дека е покреното обвинение против М.В. само за убиството извршено во мај на Иљашев, чие тело беше пронајдено во акумулацијата на 20 јуни. За убиството на вториот струмичанец, шеесет и двегодишниот А.М., чие тело затворено во камионски резервоар за гориво, исто така, беше пронајдено во „Турија“, засега нема подигнато обвиние поради немање доволно докази.

Инаку, полицијата го сомничи М.В. дека е сторител и на второто убиство извршено од користољубие на подмолен начин лани на 9 октомври, а телото на убиениот беше извадено од браната „Турија“ на 5 август годинава.

По наредба на судија на претходна постапка при Основен суд Струмица обвиниетиот се наоѓа во притвор поради основано сомнение дека е сторител на кривично дело „убиство“.

Би можело да ве интересира

Приведен 23-годишник што пукал со гасен пиштол во Чаир од возило во движење

Возел автомобил со 1,52 промили алкохол, приведен 21-годишен кумановец

Пет малолетници истепани од осум машки лица на автобуска во Скопје

А1он

Четворица повредени во сообраќајка во Кавадарци

Истрага за трговија со дрога против три лица

Приведен возачот кој удри малолетничка во Ѓорче Петров