Поделена храна и облека на социјално загрозени семејства од Ѓорче Петров

Од:

Градоначалникот на Ѓорче Петров, Александар Наумоски, им подели пакети со храна и облека на 14 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на општината.

Наумоски и дел од општинските служби, во соработка со здружението „Љубезност” од Скопје им излегоа во пресрет на семејствата на кои неопходна им беше ваква помош. Целта на општината е да ги детектира семејствата кои се соочуваат со вакви проблеми за во иднина да изнаоѓа начин да им помага. Во наредниот период планирана е посета на 70 социјално загрозени семејства кои живеат на територијата на Ѓорче Петров.

Соработката со невладиниот сектор ќе се интензивира и во иднина. Воедно, од општината апелираат и до други невладини организации да се вклучат во вакви хуманитарни акции за помош и поддршка на оние семејства на кои истата им е најпотребна.

Би можело да ве интересира

Скопјанка пријавила обид за киднапирање, жена се обидела да ја грабне ќерка и

Министерството за транспорт и врски со реакција на прес-конференцијата на Град Скопје

Предраг Петровиќ

Блокиран сообраќајот на улицата „Ѓорче Петров“ за излез и влез во Скопје

(ВИДЕО) Стојковска: Парк или депонија во Ѓорче, потенцијална еколошка закана по здравјето на луѓето?

Ана Ололовска

Стојкоски: Нови инфраструктурни проекти до крајот на летото во Општина Ѓорче Петров

Ана Ололовска

Започна решавањето на проблемот со бездомните кучиња во Ѓорче Петров

Ана Ололовска