А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Поддржани измените на Законот за банки од Комисијата за финансирање и буџет

by А1он12/10/2016 - 13:35110
Share0

Зајакнујвање на банкарскиот систем, зголемување на довербата во банката и сигурноста ќе се постигне со предвидените измени и дополнувања на Законот за банки што денеска во прво читање доби поддршка од членовите на собраниската Комисија за финансирање и буџет.

Следете a1on на Instagram Instagram

Заменик-министерот за финансии Гзим Беадини образложувајќи го предлогот рече дека причините за донесувањето на измените и дополнувањата на Законот за банките произлегуваат од потребата за подобрување на досегашната законска регулатива која го регулира работењето на банките во Република Македонија, како и прилагодувањето кон барањата кои ги диктира банкарскиот и финансискиот систем во Република Македонија.

Измените и дополнувањата произлегуваат од потребата за натамошно усогласување на домашната банкарска регулатива со Базел 3 и Базелските принципи за корпоративно управување.

Во посткризниот период Базелскиот комитет за банкарска супервизија донесе документи познати како Базел 3 со кои ги зајакна капиталните барања за банкарскиот сектор, а во 2015 година донесе нови принципи за корпоративно управување на банките.

Следете a1on на Youtube YouTube

Законот за банките е донесен во мај 2007 година. Со Законот се уредува основањето, работењето, супервизирање и престанокот на работењето на банките и филијалите на странски банки односно воведувањето на стечај и ликвидација во банка, филијала на странска банка во Република Македонија и отворање и работење на филијали на банки од земји членки од Европската Унија.

Заменик-минситерот истакна дека основни решенија што се предлагаат со законот се зајакнување на корпоративното управување, преку примена на новите Базелски принципи, воведување заштитни слоеви на капиталот и тоа: заштитен слој за зачувување на капиталот, противцикличен заштитен слој, заштитен слој за системски-важни банки и заштитен слој за системски ризик, како и зајакнување на корективните мерки што може да ги преземе Народната банка на Република Македонија.

Предложените измени и дополнувања се усогласени со Народната банка на Република Македонија, а банките се информирани за предлог-текстот.

sobranie

Би можело да ве интересира

Собранието ги усвои двата закони за заеми кај Светската банка

Горан Наумовски29/07/2026 - 21:46

Опозициските пратеници ја напуштија седницата за реконструкција на Владата, Гаши даде нова едночасовна пауза

Горан Наумовски13/07/2026 - 21:40

Собранието ќе избира нови членови на Владата

А1он13/07/2026 - 08:34

Гаши: Координаторите да најдат заедничко решение за изборните реформи

Горан Наумовски06/07/2026 - 11:48

Во понеделник во Собрание ќе се разрешат старите и ќе се изберат нови членови на Владата

А1он03/07/2026 - 18:19

Жестока дебата меѓу власта и опозицијата во Собранието за измените на Законот во основното образование

Предраг Петровиќ26/06/2026 - 16:15
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео