Поддршка за старт-ап компаниите со мерките на Владата и Фондот за иновации

Од:

Преку активните мерки на Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување старт-ап компаниите имаат можност да дојдат до свеж капитал. Таква можност на иновативните старт-ап и спин-оф им се нуди и преку Фондот за иновации и технолошки развој.
Според последниот извештај на Светска банка-Дуинг бизнис, Македонија бележи напредок во однос на тоа дека компаниите во земјава полесно доаѓаат до капитал, а начинот на основање фирма е едноставен и брз.

– Преку грантовите за самовработување и за отворање нови работни места за микро и мали компании, како и четирите мерки за кредитирање за создавање на нови бизниси, како и за кредитирање на новоотворените работни места во македонските компании се обезбедуваат дополнителни услови за обезбедување на капитал за отворање нови македонските компании или пак за постоечките, објаснува дополнителниот заменик министер за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Мерката грант за самовработување овозможува 3.000 евра неповратни средства за набавка на опрема и репроматеријали. Компаниите може да добијат неповратен грант од 1.500 евра и за секое ново отворено работно место, додека мерките за кредитирање нудат поволни можности и пристап до свеж капитал за македонските компании.

Според Спасов, станува збор за кредити од 3.000 до 23.000 евра со грејс период, во зависност од категориите што ги искористуваат, за невработени лица, или пак од големината на компаниите, грејс период од 1 до 1,5 години и рок на враќање на компаниите од 3 до 7 години, со каматна стапка од  еден процент годишно.

На иновативните старт- ап и спин-оф компании, Фондот за иновации и технолошки развој досега додели околу 1,3 милиони евра, а со последниот, трет објавен повик се планира да се доделат уште околу 450 илјади евра.

– На почетокот за следната година ќе најавиме нови повици. Со ова влијаеме во делот за пристап до финансии, особено за младите компании со иновативни решенија каде ризикот за инвестирање е голем, па така државата преку Фондот за иновации и технолошки развој им помога да ги реализираат нивните решенија и идеи, и секако да ги претстават надвор од земјата, најавува директорката на Фондот за иновации, Јасмина Поповска.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Владата ќе продолжи со поддршка на домашната економија

(ВИДЕО) До 1 јули новиот владин состав пред пратениците, најави Мицкоски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

ВМРО-ДПМНЕ: Политиките на Владата даваат резултати

Горан Наумовски

Владата најостро го осудува вандалскиот чин на опожарување на возила со дипломатски статус во близина на Амбасадата на Бугарија

Горан Наумовски

Левица: Хронична некадарност на Владата – уште еден ценовен шок за граѓаните