Поддршка за општините што ќе организираат средби со иселениците и печалбарите

Од:

Во текот на оваа година Агенцијата за иселеништво на Р. Македонија ќе даде нагласена логистичка поддршка на сите општини во нашава земја кои организираат средби со иселениците и печалбарите. Исто така оваа Агенција видно ќе ја зголеми соработката со печалбарите и иселениците во сите земји каде што тие живеат.

Оваа го истакна директорот на Агенцијата, Никола Шалваринов, на средбата со градоначалникот Медат Куртоски за време на посетата на општина Маврово и Ростуше, позната по големиот број на иселеници и печалбари.Директорот додаде дека со програмата на Агенцијата за 2о18 година се предвидува зголемена соработка со Фондот на ПИОМ со цел печалбарите да ги остваруваат без проблеми нивното право на пензија. Тој рече дека е неопходна понагласена соработка и со Управата за водење на матични книги со цел полесно добивање на потребните документи за време на престојот на печалбарите и иселениците во нивниот роден крај.

На средбата, на која учествуваше и директорот на Агенцијата за управување со одземени имоти Фатон Асани, активност на дијаспората од Македонија во Италија, беше потенцирана и потребата од понагласени контакти на нашите конзуларни претставништва во светот со иселениците и печалбарите. Асани, кој до скоро беше еден од главните носители на активностите на печалбарите од Македонија во Италија, истакна дека е неопходно да се зголемува соработката на дијаспората со македонските државни институции.

Градоначалникот Медат Куртовски истакна дека од реканскиот регион има голем број на иселеници посебно во република Турција, а голем е бројот на печалбарите во земјите на ЕУ, особено во Италија, Германија, Швајцарија и др.

На средбата со печалбарите во декември одржана во Ростуше е побарано целосна поддршка на институциите за печалбарите, кои се заинтересирани и за инвестиции во родниот крај.

(К.М.)

Би можело да ве интересира

Најстудено во Битола, најмногу снег во Маврово

Најстудено во Берово, најмногу снег во Маврови Анови

Општина Маврово и Ростуше бара прогласување кризна состојба по зголеменото присуство на кафеава мечка

Предраг Петровиќ

Утре ќе се освети сечесниот храм на Мајката Божја во село Ростуше, вечерва ќе бидат отворени дверите на храмот

Сообраќајот на патот Гостивар-Маврово-Дебар во прекин до 16 часот

Ана Ололовска

Протест на жителите на Горна Река поради еколошката катастрофа во Националниот Парк Маврово

Катерина Ѓуровски