Поддршка од Немец и социјалдемократите во словенечкиот парламент за Заев и СДСМ

Од:

Денеска во Љубљана членовите на ИО на СДСМ, Едмонд Адеми и Аднан Џаферовски се сретнаа со Матјаж Немец, потпретседател на словенечкиот Парламент.

На средбата со Немец, Адеми и Џаферовски разговараа за повеќе актуелни прашања во двете земји, меѓу коишто и политичката криза во Македонија.

Претставниците на СДСМ ја истакнаа важноста за целосно спроведување на одредбите од Договорот во Пржино, функционалност на правната држава и организирање брзи фер, слободни и регуларни избори како неоходни чекори за излез од ситуацијата во Македонија.

Потпретседателот на словенечкиот Парламент Немец кој е социјалдемократ, ја изрази поддршката на пратеничката група на социјалдемократите на Словенија, на СДСМ и претседателот Зоран Заев, за големиот придонес што го даваат за мирно разрешување на длабоката политичка криза во Македонија, во интерес на граѓаните и државата.

Од страна на членовите на ИО на СДСМ беше изразена благодарноста до словенечките социјалдемократи и Република Словенија како држава, за значајната поддршка што ја даваат на Република Македонија и нејзините граѓани, посебно во напорите за демократизација и остварување на стратешката евро-атланска перспектива.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО