Поддршка од ДОМ за кампањата на Коалицијата „Екологијата приоритет“

Од:

Демократската обнова на Македонија (ДОМ) денеска ги поддржа заложбите и кампањата на Коалицијата „Екологијата приоритет“ составена од 13 еколошки невладини организации.

– Историското загадување, од старите фабрики со валкана технологија, направено пред многу децении во 13 општини (Велес, Гази Баба, Илинден, Јегуновце, Кавадарци, Кисела Вода, Кичево, Крива Паланка, Липково, Македонска Каменица, Новаци, Пробиштип, Радовиш и Скопје), не може да се реши само по себе. Потребна е решителна акција како на локално така и на национално ниво. Ние од ДОМ, преку нашите зелени советници ќе бидеме дежурна еко-патрола и ќе ги убедиме општините да ги преземат сите потребни мерки за еколошките жешки точки навистина да станат историја, изјави денеска портпаролот на ДОМ Тони Ристов, при потпишувањето на предложените заложби од страна на Коалицијата „Екологијата приоритет“.

Тој ги повика кандидатите за градоначалниците и за советници да ја поддржат оваа иницијатива.

Ристов исто така посочи и на поддршката што ДОМ ја добива од генералниот секретар на Европската Зелена Партија, Жаклин Кремерс, која ипсрати писмо до нив. Во него таа неведува дека Европската зелена партија ја поздравува одлуката на ДОМ за самостоен настап во 43 општини ширум Македонија.

– Вкупната бројка од 777 кандидати за советници ја сметаат за импресивна и го поздравуваат фактот дека на советничките листи има еднакво учество на мажи и жени кандидати, се наведува во писмото.

Би можело да ве интересира

Аргентинската опозициска партија победи на изборите во Буенос Аирес

Шест кандидати на AfD починаа пред германските избори

Предвремени избори за претседател на Република Српска на 23 ноември

Горан Наумовски

Кандидатите на претстојните локални избори ќе можат да се рекламираат на 329 медиуми во државата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Демократска партија на Турците на Македонија на локалните избори ќе настапи самостојно