Подбивање со интервјуто на Никола Груевски на социјалните мрежи

Од:

Повеќемесечните напади на поранешниот премиер Никола Груевски контра невладините организации и медиумите кои не се под негова контрола доживеа кулминација со неговото интервју за Телеграф.

Наводно, некој од учесниците, му кажал дека сите од НВО имале секташки тренинзи на кои се барало да се качат на маса, да скокнат и да ја газат програмата на ВМРО-ДПМНЕ, како и тоа дека се барало во хор сите слушатели на предавањата да повторуваат: Оваа Влада не чини!!!

Ова најново откритие на Груевски наиде на потсмев на социјалните мрежи, а некои и му се заблагодарија за идеата што им ја дал. Дел од нив отидоа и натаму со подбивањето, па веднаш снимија видеа “Секташки аеробик вежба“, скокакат по програмата на ВМРО-ДПМНЕ и извикуваат “Оваа Влада не чини“.

Дел од корисниците на Твитер коментира:

Она што #Ж го вели за НГО во МК е copy-paste од некој репорт за регрутирање на странски борци за ИСИС. #протестирам

Како секој успешен македонски бизнисмен #Ж почна со шлепер демократција на кванташки на ул. Перо Наков бб. Кај А1, де.

Немате вие програма кој би го издржала мојот скок.

И сдсм и другите нека знаат; ако не бидат добри ќе им скокаме на програма tongue emoticon #protestoj #протестирам.

Сега е на ред сите да најдеме по една програма на ВМРО – ДПМНЕ и да ја ставиме под нозе. Секако, тој чин треба да се фотографира, па сликите на ФБ. Фала многу, пријатно!

Би можело да ве интересира

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски

Курти го претстави составот на новата косовска влада, Ненад Рашиќ е предложен и за министер

Деановски и Ралповски: Постигнат e договор со Владата за унапредување на правата на административците

Горан Наумовски