Заев: Податоците од пописот ни требаат како леб, спремен сум и да се одложи 1 – 1,5 месец, но да заврши во јуни

Од:

Премиерот Зоран Заев вели дека е спремен пописот да се одложи, по предлогот од претседателот Стево Пендаровски, но смета дека одлагањето не треба да биде повеќе од еден месец или еден и пол месец. Одговарајќи на новинарско прашање за одржувањето на пописот, тој објасни дека е најдобро целата операција да заврши во јуни.

„Го видов и предлогот на претседателот на државата да се одложи пописот, за некој месец можеби е и океј, јас сум секогаш спремен, се е вредно за размислување. Летото знаеме дека попис не се спроведува, септември е кампања, октомври е изборен период за локалните избори, и да размислиме за месец дена, месец и пол, да завршиме некаде до средината на јуни. Веќе гледам опозицијата тоа го одби, така да уште еднаш ќе ја испратам пораката да бидеме одговорни, и да го спроведеме пописот“, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека пописот нема никому да му скрати од правата ниту пак некому ќе даде нови права, а подготвен е успехот за пописот да го претстави како заеднички, на власта и на опозицијата.

„Податоците ни требаат за развој на државата, податоците ни требаат за регионалниот развој на државата, податоците ни требаат за економските политики, податоците ни требаат за да знаеме колкави се регионите со невработеност и со вработливост, да знаеме каде има локации за нови индустриски зони, за развој на нови економски политики, отворање на нови работни места. Ни требаат податоците како леб, од секој можен аспект. И сега ако е во прашање фрустрацијата затоа што некој не успеал да направи попис, а еве некој ќе успее да направи попис, јас уште сега објавувам дека е заеднички успех пописот кој ќе го спроведеме сите заедно во државата“, рече премиерот Заев.

Пописот е закажан за април годинава, а Собранието без опозицијата го донесе Законот за попис.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ Христијан Мицкоски денес соопшти дека формално почнуваат иницијатива со која ќе бараат да се укине Законот за попис. Бараат одлагање на пописот за 2022 година поради пандемијата и локалните избори наесен, а остануваат и на барањето власта да го прифати нивниот предлог за електронски попис.

Електронски попис премиерот Заев во неколку наврати досега објасни дека е неизводлив оти во базите недостасуваат податоци како оние за верска и за етничка определба, а нема ниту податоци за лицата кои се надвор од земјава повеќе од една година.

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска