„Подарете книга за велигденско јајце“ во Илинден

Од:

Општина Илинден во Домот на културата „Илинден“ денеска ја организираше деветтата манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”, при што се обезбедени 2.000 нови книги за општинската библиотека.

На манифестацијата, која веќе традиционално се одржува секоја година на Велик четврток, секој посетител што даруваше книга за возврат доби црвено Велигденско јајце.

– Во чест на две илјади и петнаесеттото лето Господово симболично беа украсени 2015 црвени Велигденски јајца. На оваa оригинална и единствена од ваков вид манифестација, која истовремено ги обединува образованието, културата, уметноста, традицијата и религијата, годинава учествуваа голем број граѓани, издавачки куќи, претставници од бизнис-секторот, научни институции и факултети, ученици кои со дарувањето книги помогнаа да се збогати библиотечниот фонд на Општинската библиотека Илинден, соопшти Општина Илинден.

Во изминатите девет години на оваа манифестација се собрани 26.000 книги. Општината информира дека сите што сакале, а не можеле да учествуваат, може да се придружат во кое било време, затоа што акцијата трае преку целата година.

Би можело да ве интересира

Гаши: Велигден не потсетува дека меѓусебното почитување, солидарноста и добрината се суштински за напредокот на секое општество

Филипче: Велигден дава сила и надеж за справување со предизвиците, за нови и подобри почетоци

Мицкоски: Нека светлината на Воскресението биде водилка во нашите заеднички напори за изградба на праведно и хумано општество

Честитка од Сиљановска-Давкова по повод Велигден

Предраг Петровиќ

Велигденска Вокресна литургија во Католичката црква „Пресвето Срце Исусово“ во Скопје

Предраг Петровиќ

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението