„Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение“ во општина Илинден

Од:

Општина Илинден денеска во домот на културатаво периодот од 10:00 до 14:00 часот ја организира 12-та по ред традиционална Манифестација „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение”.

Секој посетител на манифестацијата што ќе подари книга за возврат ќе добие црвено Велигденско јајце.

Во изминатите единаесет години во манифестацијата „Подарете книга за Велигденско јајце – симбол на Христовото Воскресение” што се одржува секоја година на Велик четврток, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, вкупно се собрани 32.000 книги наменети за општинската библиотека Илинден, општинската библиотека во Домот на култура Марино и библиотеките во основните училишта.

Би можело да ве интересира

Кавадарчанки се затруле со бајати велгиднески јајца

Катерина Ѓуровски

Велигден во „Шутка“ – затворениците го прославија празникот

Православните верници го слават Велигден

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради празникот Велигден

Велика Сабота – денот меѓу смртта и воскресението

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост