Под силно обезбедување ДИК го подигна гласачкиот материјал

Од:

Државната изборна комисија, согласно законските рокови, го подигна гласачкиот материјал за вториот круг од локалните избори.

Се се одвиваше под силно полициско обезбедување и со поштенски возила.

Битолската печатница „Киро Дандаро“, навреме го испечати избирачкиот материјал.

Од ДИК во вториот изборен круг очекуваат фер и демократски избори.

„Навреме ќе ги однесеме материјалите за вториот изборен круг што ќе се случи сега на седми април во недела. Мислам дека ќе бидат повторно фер и демократски“, изјави Анета Стефановска, член на ДИК.

Претставниците на ДИК, гласачкиот материјал денеска ќе го достават до сите општински изборни комисии.

Джавната изборна комисија беше силно искритикувана од МОСТ дека не била на висина на задачата, а дека членовите држеле политички говори.

Би можело да ве интересира

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието