Под контрола пожарот во Геге и дел од дворот на Психијатриската болница Бардовци, пациентите и персоналот евакуирани

Од:

Центарот за управување со кризи (ЦУК) вечерва соопшти дека е под контрола пожарот во населбата Геге во општина Ѓорче Петриов кој се проширил кон населбата Бардовци и зафатил дел од површината на дворот на Психијатриската болница Бардовци, обраснат со висока сува трева и дрвја.

– Пожарот претставуваше опасност да се прошири во целиот комплекс на болницата. Веднаш беше пристапено кон евакуација на пациентите и персоналот, кои беа безбедно изнесени надвор. Во моментот, пожарот е ставен под контрола и нема потреба од дополнителна воздушна поддршка. Хеликоптерот на МВР останува ангажиран на пожарот кај Блаце, општина Чучер Сандево, наведуваат од ЦУК.

Бригадата за противпожарна заштита, како што изјави за МИА командирот Ѕвонко Томевски, вечерва интервенира во гаснење на пожарот над патот кон ГП „Блаце“ со пет возила и 20 пожарникари, како и на два пожара во општина Ѓорче, кои се веќе локализирани.

Томевски прецизираше дека локализирале пожар во Ѓорче Петров кај Бека мебел спроти Лепенц, каде биле зафатени грмушки, сува трева и отпад на поголема површина. Интервенирале со четири возила и 12 пожарникари и како што рече, не може да се шири. Во истовреме, посочи, имаше пожар од другата страна на Лепенец кон болницата Бардовци, каде интервениравме со три возила и седум пожарникари, исто така е локализиран и се работи на догасување.

Би можело да ве интересира

Пожарот во тетовско повторно се разгоре ноќеска

ВИДЕО: Огнот се закани на дел од објектите, пожарот во Јасен не е под контрола

Се уште активен пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод – Скопје

Скопјанец фрлал камења кон полицискиот хеликоптер што полнел вода од Лепенец

Пожарот во Јасен уште е активен, кај селото Долно Дупени е ставен под контрола

Се бара притвор за пациентот од „Бардовци“ кој уби маж кој се лекувал во болницата