Под контрола пожарите во Липковско

Од:

Пожарите во липковскиот регион се ставени под контрола, информира денеска раководителот на подружницата на ЈП „Македонски Шуми“ Ваит Саити.

Според него, дождот што врнеше во текот на ноќта помогна во целосно локализирање на пожарот помеѓу Отља и Стрима.

– Наша екипа останува во текот на денот да изврши увид во месноста, рече Саити и додаде дека под контрола е ставен и пожарот кај село Белановце во близија на Црн Врв.

Вчера и завчера гореше нискостеблеста шума на две локации во Липковско.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче