(ВИДЕО) Поцков со фотографија на Јанкулоска: Баш кафана систем ја третираме државата

Од:

Пратеникот од СДСМ, Сашо Поцков, на собраниската говорница извади фотографија од екс-министерката Гордана Јанкулоска, под која пишува „баш кафана систем ја третираме државата“.

Ова е дел од разговор кој го објави лидерот на СДСМ, Зоран Заев и кажа дека се водел помеѓу Јанкулоска и поранешниот министер Зоран Ставрески.

Поцков обвини дека ДПМНЕ го блокира Собранието, додека граѓаните бараат решение на реалните проблеми.

– Граѓаните во Гевгелија против одлуката да градат рудници. Горд сум што сум од Гевгелија. Гевгеличани ни порачаа две пораки. Додека траеше кампањата за референдумот фокусот беше да не се отвораат рудници. Никој не ја спомна платформата за тоа време. Граѓаните ви велат дека сакаат да почнат демократските процеси, рече Поцков.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски