Почнуваат шестите „Вечери на женски права“

Од:

Во Скопје денеска почнува шестото издание на манифестацијата „Вечери на женски права“, кое е посветено на одбележувањето на дваесетгодишнината од Пекиншката декларација и платформа за акција.

На повеќе локации, до 8 март ќе се одржуваат дебати, проекции на филмови, изложби и Велосипедска тура по повод глобалната кампања „Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост“.

Град Скопје соопшти дека од денеска до четврток во повеќе средни училишта ќе се одржат работилници околу правата на жената и родовата еднаквост, кои ќе бидат спроведени од страна на студенти од Институтот за родови студии при УКИМ и Универзитетот за аудиовизуелни уметности.

Во петок ќе се одржи Национална конференција по повод 20 годишнината од усвојувањето на Пекингшката декларација и платформа за акција (Пекинг +20) „Јакнење на жените – јакнење на човештвото: Претставете си!“, ќе биде биде отворена и изложбата „Нераскажаните приказни на суперхероините 2“, а ќе бидат прикажани и документарните филмови „Кисмет“ и „Маската во која живееш“.

Во недела напладне ќе се одржи велосипедска тура по повод глобалната кампања „Планета 50:50 до 2030 – Сите за родова еднаквост“. Шестото издание на „Вечерите на женски права ќе биде затворено со проекција на документарниот филм „Среќни засекогаш“ и дискусија на тема „Вечна љубов – мит или реалност“.

Би можело да ве интересира

Ѓорѓиевски: На Скопје не му требаат луѓе кои допрва ќе се учат што е локална самоуправа

МВР: Лажни се пријавите за поставени бомби во училишта во Скопје и Куманово

Горан Наумовски

Одрон на автопатот Скопје – Велес и две сообраќајки

Катерина Ѓуровски

Ѓорѓиевски: Скопје, за жал, веќе подолг период е претворено во една голема депонија

Во Скопје 474.304 граѓани со право на глас ќе избираат помеѓу 16 кандидати за градоначалник и 19 листи за советници

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане првиот целосно – paper free град во државата, дигитален, модерен и транспарентен