Почнуваат подготовките за пописот, неизвесна графата за етничка припадност

Од:

До 27ми месецов треба да се најде фирмата што ќе го изработи софтверот, односно апликативното решение за пробниот попис и пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија. Државниот завод за статитистика денеска го распиша огласот, со што и официјално почнуваат подготовките за пробниот попис што ќе се одржи во април годинава и за официјалниот попис на населението во април наредната година.

„Сега се бараат решенија за апликацијата, со оглед на тоа што пописот ќе се врши со лаптопи. Пробен попис ќе има во 16 градови и 16 села, а за делот со исфрлањето на графата за етничката припадност крајниот збор го оставаме на Парламентот. Ние го кажавме своето мислење“, изјави за „Макфакс“ директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски.

Во тендерската документација можат да се видат и некои од прашањата кои треба да ги содржи апликацијата. На пример, модулот за податоци на лица, односно прашањата на кои треба да одговараат луѓето кои ќе бидат попишувани содржат мајчин јазик, државјанство, тие ќе бидат прашувани и колку време се присутни на адресата, дали лицето се враќа во домаќинството повеќе од два пати во еден месец, економскиот статус, превозното средство што се користи за да се стигне до работното место/образовната установа, главни извори на средства за живеење итн. Графата етничка припадност не е содржана во тендерската документација за софтверот.

Од Државниот завод за статистика изјавија дека е можно при пописот да нема прашање за етничката и за верската припадност бидејќи, како што тврдат, тие податоци немаат употребна вредност и се подложни на политички злоупотреби.

„Немало попис што не бил цел на политизација, а најмногу се политизира етничката компонента. Затоа сме подготвени да се откажеме од некој аспект, но политизација нема да дозволиме. Да потсетам, ова е статистичка операција. Според нашиот Устав, правата на одредена група граѓани произлегуваат од јазикот што го говорат, а не од етничката припадност, изјави пред неколку месеци Симовски.

Крајниот збор за ова треба да го каже Собранието согласно новиот Закон за попис, иако во жестоки се реакциите во однос на бришењето на графата за етничка припадност, со оглед на тоа што државата ќе нема увид за проценост на етничките заедници кои живеат во Македонија.

Целата операција со пописот треба да чини 8 ипол милиони евра, што е далеку помалку од 14-те милиони за пропаднатиот попис во 2011. Неуспешниот попис го актуелизираше и СЈО кое врз основа на снимки од бомбите отвори истрага за Никола Груевски и Али Ахмети под сомнение дека тие ја злупотребиле службената положба и го оштетиле буџетот за 175 милиони денари.

Последниот попис во земјава беше одржан во 2002 година и Македонија е една од ретките држави во светот каде што населението не било пребројано повеќе од 17 години.

Мери Јордановска

Би можело да ве интересира

Пратеникот Реџепи ja оспорува Методологијата за пописот oд 2021 година

Горан Наумовски

Директорката на албански ИНСАТ ги отфрли обвинувањата за манипулации со пописните резултати

Апелирам Македонците од Албанија масовно да учествуваат во пописот, порача Мицкоски

А1он

Ревизија на Пописот: Софтверот за дијаспората бил набавен од спонзор за кој не знаеле во министерство за правда

A1on

Васил Стерјовски: Македонците во Албанија се уценети од Софија да се попишат како Бугари

A1on

Симовски: Направивме попис, но последниве четири години немаме вработено ниту еден човек, а напуштија повеќе од 100

Маја Илиевска-Пачемска