Почнува увидот во Избирачкиот список

Од:

Од денеска почнува јавниот увид во Избирачкиот список во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија во пресрет на локалните избори закажани за 24 март.

Како што соопшти Државната изборна комисија, увидот ќе трае до 9 февруари, а гласачите можат да проверат дали се наоѓаат на Избирачкиот список секој ден во периодот од 8:30 до 19:00 часот со можност за запишување, дополнување или бришење на податоците од Избирачкиот список.

ДИК ги повикува сите полнолетни граѓани кои по 11 јануари оваа година извадиле биометриска лична карта или патна исправа да се јават во подрачните одделенија и канцеларии на Комисијата заради проверка и впишување во Избирачкиот список во периодот додека трае јавниот увид.

Доколку по завршувањето на јавниот увид не поднесат барање, граѓаните нема да имаат право да бидат запишани во Избирачкиот список за Локалните избори 2013.

Гласачите проверката можат да ја вршат и по електронски пат преку веб-страницата на Државната изборна комисија: www.sec.mk во делот Избирачки список.

Би можело да ве интересира

Даштевски: Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Горан Наумовски

Изнемоштените и болните до полноќ можат да се пријавуваат за гласање на претседателските избори

ДИК утврди, но и отфрли неколку листи за избор на пратеници во Собранието

ДИК ги потврди листите со кандидати за пратеници

Горан Наумовски

Седум партии и коалиции досега поднеле кандидатски листи за пратеници до ДИК, рокот истекува на полноќ