Почнува трката за индекс

Од:

За матурантите кои навреме ја положија државна матура, денеска почнува запишувањето во прва година во студиската 2012/2013 на петте државни универзитети во Македонија. На Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип денеска и утре се поднесуваат документи, на универзитетите во Скопје, Битола и Охрид пријавувањето е утре и задутре, а на Државниот универзитет во Тетово од 21-ви до 24 август.

Според информацијата на Министерството за образование и наука, на петте јавни универзитети има вкупно 28.988 слободни места, од кои за редовни студенти во државната квота се обезбедни 17.371 место, 7.805 се за квотата редовни студенти со кофинансирање на студиите и 3.812 слободни места има за вонредни студенти.

Подетаљни информации за потребните документи и местото за нивно поднесување, за уписните рокови и за критериумите и условите за запишување на студиските програми може да се добијат на факултетот, односно универзитетот каде што студентите сакаат да го продолжат своето образование.

На универзитетите во Скопје, Битола, Штип и Охрид вториот уписен рок е на 3-ти и 4-ти септември, а на ДУТ во Тетово од 5-ти до 7 септември. Третиот рок е на 17-ти идниот месец во Скопје и Битола, и од 17-ти до 21-ви септември во Тетово, на 14-ти во Штип и на 15 септември во Охрид.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска