Почнува судењето за крвавиот четврток за Чавков и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Во кривичниот суд во Скопје денеска почнува судењето за настаните од крвавиот четврток 2017 година. На обвинителна клупа за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, треба да се појават ексдиректорот на Бирото за јавна безбедност, Митко Чавков, како и петте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ: Крсто Мукоски, Љубен Аранудов, Јохан Тарчуловски, Сашо Василевски и Љупчо Димовски. Вкупно обвинети за крвавиот четврток во Собранието се 30 лица.

Обвинети, меѓу другите, се и Горан Ѓошевски, личното обезбедување на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељановски, разрешениот ексначалник во МВР, Оливер Поповски, Мунир Пепиќ, вработен во Агенцијата за разузнавање, собранискиот обезбедувач Абдулфета Аљими, претседателот на патриотското здружение „Пере Тошев“ од Прилеп, началникот во МВР, Душко Лазаров, Митко Пешов, Јане Ченто, Горанче Ангеловски, Александар Василевски-Нинџа…

На обвинителна клупа ќе седнат и оперскиот певец Игор Дурловски, еден од организаторите на движењето „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски, режисерот Борис Дамовски, актерот Владо Јовановски. Ќе им се суди и на двајцата вработени во УБК, Оливер Радулов и Сашо Марковски, кои ги одзеле харддисковите со безбедносните видеоснимки од Собранието.

Предметот ќе го води судијката Добрила Кацарска која го осуди експремиерот Никола Груевски на казна затвор од 2 години за набавката на екстралуксузниот „мерцедес“. Судијката закажа вкупно 38 рочипта, од кои 5 во август, 6 во септември, 10 во октомври и 17 во ноември.

Васко Маглешов

Би можело да ве интересира

ДУИ: Го осудуваме ослободувањето на осудените за нападот на „27 април“

„Тоа е судска одлука“ вели Мицкоски за можната амнестија за организаторите во настаните од 27 април

Во случајот „Организатори на 27 април“, Обвинителството бара амнестијата да важи за Јанакески, Ристески и Вељановски

Катерина Ѓуровски

Судењето за случајот „Организатори на 27 април“ презакажано за 14 ноември – обвинетите бараат Судот да го примени Законот за амнестија

Катерина Ѓуровски

ЗНМ: Правда за новинарката Душица Мрѓа за „27-ми Април“: значаен чекор напред во борбата против заканите врз медиумските работници

Се предаде Дејан Давидовски Дешо, баран по меѓународна потерница за настаните од 27 април

Катерина Ѓуровски